ПОЛИТИКО: БУГАРИЈА ЌЕ ПРИЗНАЕ МАКЕДОНСКИ ИДЕНТИТЕТ И ЈАЗИК, А Р. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПРИЗНАЕ ДЕКА ТИЕ СЕ НА БУГАРСКИ ТЕМЕЛИ
Бриселски Политико утринава, повикувајќи се на дипломатски извор, кусо објави дека на вчерашниот состанок на амбасадорите на ЕУ во Брисел наводно бил постигнат некаков, како што се нарекува „бугарски компромис“, којшто ќе овозможи да почне првата Меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Македонија. И дека Бугарија се согласила на тој „компромис“, пренесува МКД.
„Што има во договорот? ‘Бугарија ќе го признае македонскиот како еден од официјалните јазици и ќе го признае македонскиот идентитет. За возврат, Северна Македонија ќе треба да ја признае ‘историската вистина’, како што е дефинирана од Софија, и да признае дека има бугарски темели врз кои е создаден каков било македонски идентитет и официјален јазик“, пишува Политико.
