ЗАЕВ: ИСТОРИЈАТА ДА НЕ ЈА РЕШАВААТ ПОЛИТИЧАРИТЕ, ТУКУ ИСТОРИЧАРИТЕ
„Историјата не треба да ја решаваат политичарите, туку тоа треба да го прават историчарите. Ние ќе ги охрабруваме Комисиите да работат. Ние со Договорот имаме една добра формулација, а тоа е дека со Бугарија имаме заедничка историја. Цела Европа има заедничка историја“, изјави премиерот Зоран Заев, во вечерашното интервју за тв Сител.
Заев истакна уште дека има оптимизам за решавање на отворените прашања и од двете страни, додавајќи дека помошта од страна на Германија е добродојдена.

