|

Тетовчани протестираа против отворање на нови казина во нивниот град

Жители на Тетово и Мала Речица протестираа против отворањето на ново казино во Тетово.  Протестот се одржа на булеварот Илинденска пред објектот наменет за казиното, на стотина метри од Тетовскиот Универзитет, јавува Канал 77. Од иницијативата што го организира протестот, велат дека новото казино кое се планира да се отвори нема дозвола за работа. Тие бараат надлежните да го стопираат отворањето на ова, но и на нови казина во градот. Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, која присуствуваше на протестот истакна дека како општина побарале да се промени законот за игри на среќа, кој сега дозволува казина да се отвараа на места само 100 метри оддалечени од училиштата, но и другите институции. Организаторите на протестот порачаа  дека ќе продолжат со протестите се’ додека не се запре, како што ја нарекоа, епидемијата на казина во градот.

ФОТО: Канал 77

Слични Објави