Џафери учествува на Самитот на претседатели на парламенти „Европски Парламент – Западен Балкан“ во Брисел
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска и утре по покана на претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, ќе учествува на Самитот на претседатели на парламенти „Европски Парламент – Западен Балкан“ што ќе се одржи во Брисел.
На Самитот ќе учествуваат претседатели на парламенти од Република Словенија, Португалската Република, Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Косово, Црна Гора, Република Северна Македонија и Република Србија. Во рамки на Самитот предвидено е да се одржи состанок на Комисијата за надворешни работи (АФЕТ), во соработка со постојаните делегации од Западен Балкан и претседателите на парламенти од Западен Балкан, јавува Зоом.мк
Целиот напис можете да го видите овде.

