(Видео)„Бугарските патриоти“ поддржаа декларација на група бугарски научници за РС Македонија
Коалицијата „Бугарските патриоти“ (ВМРО-БНД НФСБ и Волја) е првата политичка формација во Бугарија, што ја поддржа декларацијата на група познати бугарски научници во којашто тие ги повикуваат сите бугарски партии да ја штитат бугарската позиција во однос на РС Македонија.
Декларацијата е потпишана од акад. Георги Марков, проф. Казимир Попконстантинов, проф. Пламен Павлов, проф. Николај Проданов, проф. Христо Смоленов, проф. Трендафил Митев, доц. д-р Александар Гребенаров, доц. д-р Георги Николов.
Во неа бугарските научници наведуваат 7 услови што треба да бидат исполнети од РС Македонија, пред Бугарија да даде зелено светло за почеток на преговорите на нашата земја со ЕУ.
- Бугарија мора да добие јасни правни гаранции дека обврските што Република Северна Македонија ги презела и обврските што ќе ги преземе во иднина ќе бидат испочитувани со добра волја. За таа цел, тие треба да бидат вклучени во рамката за преговори.
- Република Северна Македонија дефинитивно да ги повлече сите претензии за малцинство против Република Бугарија во согласност со клаузулата за немешање во внатрешните работи на Бугарија од член 11 став 5 од Договорот за добрососедство од 2017 година.
- Република Северна Македонија да исклучи каква било можност за територијални претензии кон Република Бугарија. Скопје треба да потврди во ОН, во согласност со член 11, став. 3 во Договорот од 2017 година, дека краткото и долгото име на нивната земја се однесува само на политичкиот субјект „Република Северна Македонија“, а не на географскиот регион на Северна Македонија, чиј дел се наоѓа во суверените граници на Република Бугарија.
- Република Северна Македонија да активира процес на рехабилитација на жртвите на југословенскиот комунизам, репресирани на нејзината територија заради нивната бугарска самосвест.
- Република Северна Македонија да ја прилагоди содржината на своите наставни програми со цел објективно да ја рефлектира нашата заедничка историја и да ги елиминира образовните содржини што влеваат омраза кон Бугарија и Бугарите. Ова барање е јадрото на Преамбулата и член 8, став. 3 и член 11, став. 6 од Договорот за добрососедство.
- Да се изврши идентификување и отстранување на знаци и натписи на територијата на Република Северна Македонија, кои влеваат омраза кон Бугарија и Бугарите.
- Република Северна Македонија строго да се придржува кон клаузулата утврдена и ратификувана од парламентите на двете земји во врска со официјалниот јазик на Република Северна Македонија. Оваа клаузула треба да најде соодветен израз во официјалните документи на Европската унија.
Дознајте повеќе во видеото што следи:
