|

Втор ден од неформалниот состанок на министрите за европски прашања на ЕУ

Продолжува неформалниот состанок на министрите на ЕУ за европски прашања што се одржува во Љубљана и Брдо кај Крањ. На состанокот се дискутираат приоритетите на словенечкото претседателство со посебен акцент врз политиката на проширување, владеењето на правото и активностите поврзани со Конференцијата за иднината на Европа. На дневен ред се и теми во контекст на зајакнувањето на отпорноста на Унијата кон кризи, како прашања кои налагаат градење на заеднички координиран пристап.

Организирањето на овој настан, како што се наведува, е во светло на претставените приоритети на словенечкото претседателство за градење на кредибилна и стабилна Унија, за што е неопходно придвижување во процесот на проширување. На собирот учествува и вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров.

Слични Објави