| |

26 општини од Бугарија и РС Македонија заедно ќе се борат со природни и еколошки непогоди

Членовите на Здружението на општините од југозападна Бугарија против пожарни единици и волонтерски групи за борба со природните непогоди од транс- граничниот регион меѓу југозападна Бугарија и југоисточна Македонија, одлучија да создадат транс-гранична мрежа за превенција и реакција за време на природни и еколошки непогоди.

Работната средба е дел од активностите по проектот „Транс-гранична мрежа за борба против шумските пожари“ кофинансиран од Европската унија преку програмата за транс-гранична соработка меѓу Република Бугарија и РС Македонија.

Во рамките на мрежата ќе се спроведат шест специјализирани обуки, кои освен теориска подготовка ќе вклучуваат и работа на терен.

На сите општински против-пожарни единици и доброволни групи ќе им се обезбедат лични претпазни средства, заштитна облека и друга против-пожарна техника и опрема.

Ќе се спроведат и две големи информациони кампањи. Едната ќе биде насочена кон охрабрувањето на волонтерските активности а другата за превенција на ризикот и спречување на шумски пожари. Активностите ќе се реализираат во 26 општини во транс-граничниот регион.



Слични Објави