Русите го гранатираа Киев
Рускиот претседател Владимир Путин ја потпиша независноста на Доњецк и Луганск, отцепените територии на Украина. Во таа прилика тој рече дека модерна Украина е создадена од Русија.
Ракетни напади и експлозии се пријавени од вчера (четврток) во 4 часот и 45 минути во неколку украински градови. Претседателот на Украина Володимир Зеленски прогласи вонредна состојба.
Најмалку уште три експлозии одекнаа во мугрите во Киев. Се чинеше дека доаѓаа од југозападниот дел на градот, јавува Си-Ен-Ен.
Според Државната служба за вонредни состојби на Украина, постои опасност од колапс.
Украинскиот претседател Зеленски објави дека од почетокот на руската инвазија загинале најмалку 137 лица.
