Позицијата на Бугарија кон РС Македонија не се менува
„Позицијата на Бугарија во однос на РС Македонија не се менува, двете држави работат и има подобрен дијалог а исто така и реална желба да се исчистат натрупаните тензии и да се постигнат резултати“, изјави началничката на кабинетот на бугарскиот премиер Кирил Петков, Лена Бориславова.
Таа додаде дека за време на посетата на комесарот Оливер Вархеји ќе биде разговарано за членството на Бугарија во ЕУ, поддршката за активностите на Владата и дијалогот со РС Македонија.
Бориславова подвлече дека не станува збор за забрзување на процедурата а за процедура на преговори која ќе отчитува реални резултати, пренесува БГНЕС.
Вицепремиерката Корнелија Нинова потврди дека синоќа се одржал коалиционен совет кај Петков и додаде дека тоа не е вонредна вест.
„Да, премиерот Петков не информираше за средбата со премиерите на РС Македонија и Романија, за тоа како се воделе разговорите, за војната во Украина. Ништо посебно и извонредно“.

