(Видео) Балабанов за наводните планови на Петков за кревање на ветото за РС Македонија: Нема сила на светот што би нѐ натерала да дозволиме таков развој на настаните
„Имав можност слободно да зборувам во „Лице в лице“ на бТВ, за да дознаете и вие знаете и за да бидете информирани за се! Вака изгледаше Бугарија, која што ќе беше продадена! Не постои сила на светот што би не натерала да дозволиме таков развој на настаните!
Силата е во вистината!“, напиша пратеникот од партијата „Има таков народ“, Станислав Балабанов, објавувајќи краток видео исечок од неговото гостување во бугарската телевизија БТВ, каде што покажа паметна белешка, на која наводно бугарскиот премиер Кирил Петков го запишал начинот на кој Бугарија ќе го крене ветото за РС Македонија пред да бидат исполнети бугарските барања од пакетот 4+1.
Потсетуваме дека денеска премиерот Петков изјави пред еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Оливер Вархеји дека Бугарија има три јасни барања за напредок по прашањето на PCM. Почитување на рамковната позиција, која ја усвои бугарскиот Парламент, вклучување на македонските Бугари во уставот на РСМ, за да се заштитат нивните права и трето, да се спроведува Договорот за добрососедство.
