|

Норвешка и Велика Британија ќе донираат микро-дронови на Украина

Норвешка и Велика Британија заеднички ќе испорачаат микро беспилотни летала „Блек хорнет“ (Black Hornet)  на Украина за да и помогнат во војната со Русија, соопшти норвешкото Министерство за одбрана.

Дроновите, кои ќе му бидат донирани на Киев, се користат за извидување и препознавање на цели и чинат околу 90 милиони норвешки круни (9,26 милиони американски долари), соопшти Министерството.

Пакетот помош вклучува, покрај самите дронови, резервни делови, транспорт и обука за нивно користење.

Извор: Zoom. mk

Слични Објави