АКАДЕМСКИОТ КИНОКЛУБ ОД СКОПЈЕ ОДБЕЛЕЖУВА 60 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Академскиот кино клуб од Скопје со филмски вечери денеска и утре во Кинотека ќе одбележи 60 години од основањето. Од 20 часот вечер АКК ќе го прикаже нивниот прв снимен филм, насловен „Прв давам камче“, како и проекција на повеќе кратки филмови направени од негови членови во шестдецениското постоење.

По повод јубилејот, утревечер од 20 часот во Кинотека ќе гостуваат филмските пријатели на АКК од ГФР филм-видео клубот од Пожега, Хрватска. Тие ќе претстават ревија од нивниот Хрватски фестивал на едноминутни филмови, кој во Пожега се одржува од 1993 година и учествуваат филмски автори од 50-ина земји од светот. Влезот за посетители е слободен за двете вечери со кои Академскиот кино клуб – Скопје ќе го одбележи јубилејот.



Претходна статија

МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА ИСМАИЛИ ГО ПОСЕТИ КИЦ ВО СОФИЈА

Следна статија

АНА ВИТАНОВА-РИНГАЧЕВА И СТЕФАН МАРКОВСКИ ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДАТА „ГОРАН БУЈИЌ“ НА ХРВАТСКОТО КНИЖЕВНО ДРУШТВО

Најново од Култура