Албанија се приклучува кон мултинационалната иницијатива на НАТО за складирање муниција
Бугарската влада на 9 септември одобри измена на Меморандумот за Мултинационалната иницијатива за складирање муниција (Multinational Ammunition Warehousing Initiative – MAWI), со што Албанија се приклучува кон иницијативата, јавува МО на Бугарија.
Во MAWI досега учествуваат 26 земји членки на НАТО, како и Агенцијата на НАТО за поддршка и набавки (NSPA).
Иницијативата е формирана во 2020 година, по предлог на Кралството Белгија, со цел да се развие заедничка мултинационална мрежа за складирање муниција.
Преку неа се настојува да се зголеми оперативната подготвеност, да се подобри ефикасноста на логистичката поддршка и да се зајакне безбедноста на земјите учеснички.
Заедничкото користење на складишната инфраструктура им овозможува на сојузниците побрз и пофлексибилен пристап до муниција кога за тоа ќе се појави потреба.

