| |

„Алеја на книгата“ во Софија од 8 до 14 септември

Булеварот „Витоша“ и паркот пред Националниот дворец на културата (НДК) во Софија ќе се исполнат со книги, читатели и културни настани помеѓу 8 и 14 септември 2025 година, кога ќе се одржи 13-тото издание на „Алеја на книгата“ – најголемиот саем на книги на отворено во Бугарија, јавува БГНЕС.

Оваа година во манифестацијата ќе учествуваат повеќе од 150 издавачки куќи, распоредени во 61 штандови. Богатата културна програма ќе опфати средби со автори, настани за деца, книжевни читања и филмски проекции.

Официјалното отворање е закажано за 8 септември во 10:30 часот во паркот пред НДК и ќе започне со специјален музички поздрав за посетителите.

Работното време на саемот ќе биде секој ден од 10:00 до 20:00 часот, а во завршниот ден – недела, ќе биде отворено до 19:00 часот.

„Алеја на книгата“ традиционално ја организира Асоцијацијата „Бугарска книга“ во партнерство со Град Софија, Министерството за култура и Министерството за образование и наука на Бугарија. Настанот е дел од Културниот календар на Столична општина за 2025 година.

Слични Објави