| |

„АЛФИТЕ“ ИМ ЈА РАСИПАЛЕ ЖУРКАТА: УАПСЕНИ НАЈМАЛКУ ДВАЈЦА ВО „ИНТЕРМЕЦО“

Забавата во кафулето „Интермецо“ во скопски Капиштец синоќа ја прекинале припадниците на специјалната единица „Алфи“ околу полноќ. Според информациите од терен најмалку 12-мина полицајци влегле и почнале да вршат претрес. Неофицијално, кај најмалку двајца е најдена дрога.

Двајцата се веднаш уапсени, но до крајот на акцијата бројката не се знае дали останала иста. По завршувањето на акцијата кафулето продолжило да работи.

Неофицијално се дознава дека специјалните единици синоќа, претрес вршеле и на други локации каде петок и сабота посетеноста за забава е густа.

Слични Објави