| |

Амбасадорката на САД во РС Македонија во посета на „The Nest“ во Кочани

Американската амбасадорка во РС Македонија, г-ѓа Ангела П. Агелер, денеска беше во посета на кочанскиот центар „The Nest“, каде што се сретна со претставниците на граѓанската иницијатива Support Kocani.

Во рамките на средбата, претставниците на иницијативата ја информираа амбасадорката за своите почетоци, целите кои си ги поставиле, предизвиците што ги надминале, како и за секојдневната поддршка која им ја овозможуваат на засегнатите лица и нивните семејства.

„Особена чест ни е што Support Kocani, како иницијатива родена од трагедијата во Кочани, е препознаена и поддржана од еден од најголемите партнери на нашата држава,“ изјавија од организацијата.

Со амбасадорката Агелер била водена и продуктивна дискусија за можностите за директна поддршка на Кочани од страна на претставниците на американската амбасада во РС Македонија, особено во делот на организирање едукативни работилници за младите.

Support Kocani нагласуваат дека нивната работа е пример дека кога се дејствува со искреност и чисто срце, поддршката нема граници.



Слични Објави