|

Америка: Единственото нешто што спречува итно примирје е Хамас

Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер рече дека предлогот за прекин на огнот во Газа што го претстави американскиот претседател Џозеф Бајден е „речиси идентичен со оној што Хамас рече дека ќе го прифати пред само неколку недели“ и додаде дека „единственото нешто што го спречува прекинот на огнот“ е Хамас.

Тој додаде дека Америка и другите посредници „се уште не добиле официјален одговор на предлогот од милитантната групација“

„Светот треба да знае, палестинскиот народ треба да знае дека единственото нешто што го спречува итното примирје е Хамас“, рече Милер, а пренесува „ABC News“.

Тој додаде дека има некои разлики меѓу предлозите што Хамас претходно изјави дека ќе ги прифати, но посочи дека Америка, Катар и Египет сметаат дека пречките може лесно да се отстранат.

Минатиот петок американскиот претседател Бајден претстави предлог што треба да доведе до ослободување на заложниците од Газа и прекин на огнот, пренесува Танјуг.



Слични Објави