| |

АНАЛИТИЧАР, АКТЕР И РАКОМЕТАР СВЕДОЦИ ЗА 27-МИ АПРИЛ

Екс министрите од ВМРО-ДПМНЕ Спиро Ристовски и Миле Јанакиески не регрутирале членови и симпатизери на партијата за да учествуваат на протестите „За заедничка Македонија“. Ова го сведочеа неколку сведоци на обвинетите во случајот за организатори на Крвавиот четврток.

Прв за настаните во Собранието од 27 април 2017 година сведочеше ракометарот Борко Ристовски кој тогаш на фејсбук напишал повеќе статуси во кои ги поддржува. Рече дека не живеел во Скопје, немал никакви активности за протестите, не ги познавал ни Ристовски, ни Јанакиески.

Сведочеа и претседатели на месен, општински и централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, но никој од нив немал директива за протестите. Актерот и поранешен член на ивршниот комитет Тони Михајловски и политичкиот аналитичар Александар Пандов, рекоа дека ги поддржувале протестите, но самоиницијативно. На обвинителна клупа во овој предмет се и поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски за кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок.



Слични Објави