Андреј Ковачев: Извештајот за Северна Македонија е ослободен од формулации што се злоупотребуваа
Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев соопшти преку својата официјална страница на Фејсбук дека извештајот за Република Северна Македонија бил ослободен од формулации со кои, како што наведува, се злоупотребувало од страна на соседите.
„Извештајот за РСМ беше ослободен од формулации со кои се злоупотребуваше од нашите соседи. Такви теми немаат место во извештај за напредок на земја-кандидат за членство во ЕУ,“ напиша Ковачев.
Тој нагласи дека напорите за постигнување на ова се заеднички и упати благодарност:
„Напорите се заеднички – им благодарам на сите колеги, бугарскиот парламент и бугарската влада!“
Во пораката тој додаде дека подадената рака кон Република Северна Македонија останува и ја потврди поддршката за европската перспектива на земјата:
„Подадената рака кон РСМ останува! Бугарија го поддржува европското и демократското развој на сите наши соседи, врз основа на почитување, добрососедство и споделени вредности.“
