АНГЕЛА МЕРКЕЛ ИЗЛЕГУВА ОД КАРАНТИН

/

После две недели карантин во нејзиниот дом, германската канцеларка Ангела Меркел се враќа во нормала. Одлуката уследи по три негативни теста, а владиниот портпарол Штефен Сеиберг рече дека канцеларката се враќа на работа.

„Секако, ќе се почитуваат минималните правила за растојание“, рече тој, додавајќи дека за време на карантинот, канцеларката извршувала и државни работи, одржувала видео-конференции и имала јавно обраќање.

Меркел замина во карантин, откако беше откриено дека доктор со кого контактирала, бил позитивен на коронавирус.



Извор: Макфакс

Претходна статија

ОРБАН: ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ЌЕ ДОБИЈАТ ПО 1500 ДОЛАРИ БОНУС ЗАРАДИ НИВНАТА БОРБА ПРОТИВ КОВИД-19

Следна статија

УКРАДЕН ЕДЕН ОД УРЕДИТЕ ЗА ДЕЗИНКФЕЦИЈА НА ВОЗИЛА ВО КУМАНОВО

Најново од Вести