|

Антикорупциска комисија денеска со иницијатива до Обвинителството- кривично да се гонат неколку екс градоначалници

Антикорупциска комисија денеска информираше дека поднесува иницијатива до Обвинителството, кривично да се гонат екс градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски и актуелниот на Струденичани, Азем Садики.

Како што појасни членот на комисијата Нури Бајрами, Георгиевски не им ги доставил бараните податоци, а потоа по направената целосна анализа, и доставените документи од актуелното раководство во општината, било утврдено дека градбата е почната да се гради без одобрение и без да се донесе Деталниот урбанистички план,а ексградоначаникот постапил спротивно на законот.

Антикорупционерите бараат кривично да одговора и градоналникот на Студеничани Азем Садики, поради недомаќинско работење и трошење средства од буџетот.

Антикорупциската комисија побара да се покрене иницијатива за кривично гонење и против тројца градоначалници на Демир Хисар за злосторничко здружување за простор на општината кој го изнејмувале, без да наплаќаат закупнини. На денешната седица беше разгледан и случајот со противпожарната скала што ја купи Шилегов, но постапката беше сопрена, бидејќи случајот го истражува обвинтелството.



Слични Објави