|

Арсовска го разреши и најновиот директор на „Водовод“

Виктор Панчевски, досегашниот в.д. директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје е разрешен по половина година на оваа функција.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, за нов директор го именува Тони Миновски, кој досега беше вработен во претпријатието.

Панчевски е разрешен по само 6 месеци откога беше поставен на раководната позиција на ова јавно претпријатие. Претходно беше вработен во ЈП „Паркови и зеленило“.
Миновски е петти директор на „Водовод“ за три години мандат на Арсовска.



Слични Објави