|

Арсовска: Веќе покажуваме како се работи домаќински

Изминатите 82 дена беа доволен период да се покаже и докаже дека со искрен пристап и напорна работа, администрацијата во служба на граѓаните ќе овозможи враќање на довербата со спроведување проекти за поубав град, рече на денешната прес-конференција скопската градоначалничка, Данела Арсовска.

Таа во говорот се посвети и на нападите кои во изминатиот период доаѓаат кон неа, од луѓе кои, како што кажа, потрошиле милиони од средствата на скопјани, за свои лични хирови и за прослави по кафеани.

„При тоа не исполнија ни 5% од она кое го ветуваа 4 години, јас можам пред скопјани да потврдам дека таквите денови се веќе минато. Повеќе нема трошење пари на граѓаните за лични цели, градот се води домаќински, а проектите кои ги реализиравме и ќе ги реализираме во периодот кој следува ќе бидат доказ за тоа”, истакна Арсовска.

Градоначалничката додаде дека сето ова е доказ дека сепак може да се работи и да се реализираат ветувањата, наспроти претходното градско раководство.

„Парите на граѓаните нема да се трошат на прослави и кафеани, и луксузирање од поединци, нема да се злоупотребуваат привилегиите, поради кое однесување Градот е оставен со милионски долгови”, потенцираше Арсовска.



Слични Објави