| |

Авторите на „Белата книга за јазичниот спор меѓу Бугарија и РС Македонија“ со нон-пејпер за тоа што треба да направи Скопје за да почне преговори со ЕУ

Меѓународниот тим автори на „Белата книга за јазичниот спор меѓу Бугарија и РС Македонија“ испрати нон-пејпер на тема „РС Македонија – предуслови за започнување на процесот на преговори за пристапување во ЕУ“ до амбасадорите на земјите-членки на ЕУ во Софија, до релевантните еврокомесари и други функционери од Европската комисија, како и до сите европратеници. Бугарската верзија на документот е испратена до претседателот, премиерот и министерот за надворешни работи на Република Бугарија, како и до медиумите.

Го објавуваме нон-пејперот во целина:

„PCM – предуслови за започнување на процесот на преговори за пристапување во ЕУ“

Почитувани партнери,

Во последните неколку години, Република Бугарија беше подложена на масовен надворешен притисок од голем број земји, со цел да се убеди бугарското општество и политичката класа да дадат зелено светло за почеток на преговорите меѓу РС Македонија и ЕУ. Како што постојано беше истакнувано на официјалните состаноци, Бугарија е најжестокиот поддржувач на членството на оваа соседна земја во ЕУ и повеќе пати ги докажала своите најдобри намери давајќи дипломатска, економска и воена помош на РС Македонија, во тензични периоди. Затоа ние како соседи, партнери и најблиски сојузници имаме должност да му помогнеме на РС Македонија да ги спроведе потребните реформи и демократизација за да може да биде прифатена во семејството на демократските европски земји. Со овој документ сакаме во јасен формат да ги систематизираме постојните објективни тешкотии и предизвици со кои се соочува РС Македонија за да го поддржиме процесот на демократизација и членство во ЕУ на нашите соседи.
Со Договорот за Европската унија се утврдуваат условите и принципите што мора да ги исполни секоја земја што сака да стане членка на Европската унија – да ги споделува европските вредности и да ги исполни критериумите за членство во ЕУ утврдени во Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Европска Унија, Европската повелба за човекови права и Копенхашките критериуми.
Копенхашките критериуми бараат стабилност на институциите кои ја гарантираат демократијата, владеење на правото, човековите права и почитување и заштитата на малцинствата.
Во Договорот за стабилизација и асоцијација со Северна Македонија од 2004 година е забележано е дека Северна Македонија се согласува да ги почитува демократските принципи и човековите права, активно да ја промовира регионалната соработка и развојот на добрососедските односи.
Повелбата за основните права на Европската унија наведува дека секој има право на слобода на изразување, што ја вклучува слободата на мислење, примање и пренесување информации и идеи без мешање на јавните власти; секој има право да работи и да се занимава со слободно избрана или прифатена професија; се забранува каква било форма на дискриминација врз основа на раса, боја на кожата, етничко потекло, јазик, верувања, политичко или друго мислење, припадност на национално малцинство итн.
Горенаведените критериуми се вклучени во Декларациите на сите состаноци меѓу ЕУ-РС Македонија, а македонската страна секогаш доследно ја потврдувала својата посветеност за нивно спроведување. Еве неколку примери:
На неколку самити ЕУ-Западен Балкан во 2018, 2020 и 2021 година беа реафирмирани заложбите на земјите за владеењето на демократијата и принципите на правната држава, особено доброто владеење и почитувањето на човековите и малцинските права. Поддршката на ЕУ ќе продолжи да биде поврзана со опиплив напредок во владеењето на правото и социо-економските реформи, како и со почитувањето на европските вредности, правила и стандарди. Останува важно да се имплементираат – со добра волја и со опипливи резултати – билатералните договори, вклучително Договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија.
И покрај горенаведените факти, во Извештајот на Европскиот парламент за Република Северна Македонија усвоен во март 2021 година беше изразена загриженост за дискриминацијата на граѓаните на РС Македонија кои имаат бугарски идентитет. Од друга страна, во јавниот простор владее неизвесност во однос на бугарската позиција, која се протега и врз некои од европските партнери на Република Бугарија. Затоа сметаме дека има потреба да се систематизираат предизвиците на билатералните односи меѓу државите и истите да се разјаснат во практична и конструктивна смисла:

Внатрешни проблеми и предизвици на демократијата во РСМ:

  1. Повредување на правата на македонските Бугари.
  • Одбивање да се спроведе барањето поднесено во 2021 г. од организациите на македонските Бугари за нивно вклучување во Уставот на РСМ, заедно со другите делови од народи, кои веќе се наведени во него. Правната потврда на нивното постоење ќе им овозможи на македонските Бугари слободно да ја изразат својата етничка припадност, што е основно човеково право. Тие ќе можат слободно да ги организираат своите културни активности, фестивали и други настани. Тие ќе можат да учествуваат според прифатениот принцип на квоти во локалната власт во општините и институциите и ќе ги уживаат сите други права и слободи што Уставот им ги гарантира на другите етнички групи. Над 120.000 македонски државјани со документи го докажале своето бугарско потекло и го завериле својот бугарски национален идентитет во рамките на процедурите за стекнување бугарско државјанство.
  • Оспорување на правото на самоопределување и на денешните македонски Бугари (има голем број случаи од пописот од 2021 година во кои официјалните попишувачи одбиле да ги запишат како Бугари) и на нивните одамна мртви предци, што ја блокира работата на Мешовитата комисија .
  • Неможност за школување на книжевен бугарски јазик во образовниот систем на децата на македонските Бугари. Покрај тоа, тие се принудени да учат лажни и стигматизирачки теории за сопственото потекло.
  • Неможност за заземање државни функции од македонски Бугари со изразена етничка припадност.
  • Репресии врз Бугарите што јавно ја искажале својата етничка припадност * (примери во Анексот).
  • Систематски говор на омраза кон Бугарите и Бугарија ** (примери во Додаток).
  • Недостиг на политичка волја за промена на непријателската содржина во учебниците, медиумите, книгите, музеите и спомениците, за истите да немаат навредливи квалификации во однос на Бугарите на расна, етничка или идеолошка основа.
  • Толерирање на рушењето и фалсификувањето на бугарските историски и културни споменици.
  • Фалсификување на автентични историски извори поврзани со бугарското културно и историско наследство во историско-географската област на Македонија.
  1. Прекршување на меѓународните договори меѓу Бугарија и РСМ.
  • Целосно неисполнување на Договорот за добрососедство и пријателство од 2017 година. Незаинтересираност за исполнување на обврските за развој на економската соработка, инфраструктурни проекти, културна размена. Скопје еднострано ја прекина изградбата на Коридорот 8 во 2020 г. па дури и изгуби дел од европските средства наменети за неа.

– Немање гаранции дека во иднина ќе се почитуваат постигнатите меѓународни договори и барањата на опозицијата за откажување од Договорот за пријателство и добрососедство од 2017 година.

  • Одбивање да се признае објективната историска вистина, сумирана со терминот „заедничка историја“, кој е фундаментален термин на Договорот за пријателство и добрососедство од 2017 година.
  • Абдикација од работата на Заедничката мултидисциплинарна историска комисија и отфрлање на неколкуте веќе постигнати договори меѓу научниците од двете земји.
  • Во јануари 2022 г. по долго одложување, Скопје испрати вербална нота до ОН дека краткото име „Северна Македонија“ се однесува само на државно-политичкиот субјект со уставно име „Република Северна Македонија“, но не и на географскиот регион Северна Македонија. РСМ нема територијални претензии кон Бугарија, но Скопје се уште не се откажува од политиката на промовирање на непостоечкото „македонско малцинство“ во Бугарија. Претседателот Пендаровски постојано спомнуваше постоење на такво малцинство, па дури и се сретна (бел. прев.) со негови претставници во 2022 година, а лидерите на опозицијата продолжуваат да се залагаат за признавање на истото т.нар малцинство. Тоа е во директна спротивност со одредбите на членот 11 од Договорот за добрососедство од 2017 година.
  • Демонстрирање неподготвеност да се примени формулата за официјалниот јазик на РС Македонија, договорена со Декларацијата од 1999 г. и реафирмирана во Договорот од 2017 година.
  1. Дефицити во демократизацијата на ПКМ.
  • Немање закони со кои се осудува криминалниот комунистички режим. Потсетуваме дека, РС Македонија е единствената земја од поранешниот источен блок која не ги презела потребните чекори во оваа насока. Наместо тоа, гледаме немилосрден восхит кон комунистичкиот диктатор Тито, неговиот режим и неговите сојузници.
  • Досиејата на поранешните југословенски тајни служби, кои ги репресираа македонските Бугари, остануваат тајна за јавноста. Нивните жртви се уште не се рехабилитирани, а нивните семејства немаат добиено отштета за своите маки.
  • Недостиг на бугарски весници и електронски медиуми во РСМ.
  1. Неподготвеност да се развие добрососедство со Бугарија.
  • Веќе повеќе од две години не е назначен амбасадор на РС Македонија во Софија.
  • Во летото на 2021 г. околу 300 високи функционери од Европа и САД, меѓу кои премиери, претседатели, министри, европратеници беа поканети на Форумот за дијалог во Преспа што го организира РС Македонија. Не беа поканети само претставници од Бугарија.
  • Создавање бариери за економската соработка, инфраструктурата, енергетиката и секој друг вид поврзување.
  • Ширење на заблудата дека Бугарија го негира правото на самоопределување на македонските граѓани. Негирање на веќе направените компромиси од бугарската страна дека нема претензии за независното постоење на официјалниот јазик на РС Македонија по 1944 година и официјалниот идентитет на нејзините граѓани.
  • Крадењето на бугарската историја и култура и нивно прогласување за македонски, спротивно на достигнувањата на објективната историографија. Фалсификување на автентични историски извори, во кои зборот „бугарски“ тенденциозно е поправен во „македонски“ за да одговара на тоталитарната доктрина на македонизмот. Иако некои од најзначајните јавни личности во РС Македонија, проф. Драги Георгиев, претседател на мешовитата комисија и Зоран Заев, поранешен премиер на РСМ, јавно ја признаа примената на оваа злобна ненаучна практика уште од комунистичкиот режим, таа се уште не е суспендирана и се поддржува од МАНУ (Македонска академија на науките и уметностите).
  • Обвинението кон Бугарите дека се окупатори и фашисти за време на двете светски војни.

Бугарија сака да обезбеди целосна поддршка со сите свои ресурси за интеграцијата на PCM во големото европско семејство на демократии. Бугарскиот пристап е конструктивен и добронамерен, но клучот за европската иднина на PCM е во рацете на нашите соседи. Фактите наведени погоре не се во согласност со интересите на заедницата, бидејќи тоа не е само актуелен проблем на Бугарија, туку и иден проблем за целата Унија. Затоа, сите партнери од ЕУ мора да ја дадат потребната помош за демократизација на македонското општество и да ги промовираат потребните реформи. Само нивната реализација, во комбинација со објективни докази за исполнување на преземените обврски, ќе овозможи да се реализира желбата на македонските граѓани за полноправно членство во ЕУ.

Методиј Иванов, Бугарија
Доц. д-р Спас Ташев, Бугарија
Румен Сребранов, Бугарија
Владо Тренески, РС Македонија
Дејан Танчовски, РС Македонија
Илија Стојановски, РС Македонија
Ерлин Аго, Албанија
Иван Николов, Србија
д-р Ана Кочева, Бугарија
Доц. д-р Лилјана Василева, Бугарија



Слични Објави