| |

БАШАНОВИЌ БЕШЕ ВРСКАТА ПОМЕЃУ ЗАЕВ И ЦИПРАС ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО

Во своето гостување на телевизија Пинк 3 Инфо во емиисијата ,,Правац’’, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски објави ексклузивна информација дека впрочем Зоран Башановиќ е главниот покровител на договорот за промена на уставното име на Република Македонија.

Николоски истакна дека договорот со Грција претставува национална катастрофа, чиј посредник е најплатениот советник во владата на Заев, Зоран Башановиќ. Според Николовски, српскиот советник во владата е личен пријател со Заев и Ципрас и бил одговорен за контакт помеѓу двата премиера.

-Сега имаме состојба каде, господинот Башановиќ е најплатениот советник во македонската Влада, тој наводно е најголемиот експерт кој ја советува Македонија. Според некои неофицијални информации, тој ја организира промената на името на Македонија. Според некои неофицијални информации, тој беше главната врска, посредник и контакт помеѓу Заев и господинот Ципрас, бидејќи е пријател и со двајцата и тој е оној кој го направи овој договор кој сега го имаме со Грција кој е тотална национална катастрофа за нас, вели тој.

Башановиќ, инаку, е познат како естраден менаџер во Србија, каде што токму естрадните ѕвезди го опишуваат како манипулатор и измамник.

Зоран Башановиќ во 2012 година, заедно со сопругата Бојана беа во фокусот на српските медиуми кога во Мајами беа уапсени за кражба на долна облека и постелнина во износ од 5.000 долари од трговски центар. Двајцата се пуштени ден подоцна со кауција од 1.000 долари.

Интересен е и фактот дека Башановиќ и Заев, како што пишуваат белградските медиуми, се запознале во Грција, каде што и двајцата имаат вили на море.

Слични Објави