БЕГАЛЦИ ПРЕПРАВЕНИ ВО ОДБОЈКАРСКИ ТИМ СЕ ОБИДЕЛЕ ДА ИЗЛЕЗАТ ОД ГРЦИЈА
Облечени во исти тренерки, со торби и две топки во рацете, преправени во одбојкарски тим, 10 лица, бегалци од Сирија, со украдени пасоши се обиделе авионски од Грција и да стигнат во Цирих.
Од грчката полиција соопштија дека на атинскиот аеродром, биле уапсени 10 лица, кои со оригинални странски пасоши, но издадени на други луѓе и пријавени за изгубени или украдени, се обиделе да патуваат во европска земја. „За да ги измамат полициските власти и да го избегнат нивното внимание, дојдоа заедно, облечени во исти спортска облека, претставувајќи се дека се украински одбојкарски тим“, велат од полицијата.
Извор: ТВ Стар