| |

Белгија, Бугарија, Италија и Малта ја поддржаа одлуката на ЕУ за замрзнување на руските средства што се чуваат во Европа

Белгија, Бугарија, Италија и Малта соопштија во заедничка изјава дека гласале за поддршка на плановите на Европската Унија за неопределено замрзнување на средствата на Руската централна банка што се чуваат во Европа, јавува БНР.

„Во духот на соработката, Белгија, Бугарија, Италија и Малта гласаат ‘ЗА’ во тековната писмена процедура, но појаснуваат дека ова гласање под никакви околности не го предодредува решението за евентуалното користење на руските средства, кое мора да се донесе на ниво на лидери“, се наведува во изјавата на земјите, цитирана од агенцијата Ројтерс.

Во меѓувреме, земјите членки на Европската Унија потпишаа договор за неопределено замрзнување на средствата на Руската централна банка што се чуваат во Европа, со што беше отстранета голема пречка за евентуалното користење на тие средства за поддршка на Украина во одбраната од руската инвазија.

Претходно во текот на денот беше објавено дека Руската централна банка поднела тужба во Москва, со која бара обештетување од депозитарот Euroclear со седиште во Брисел поради замрзнувањето на нејзините суверени средства и најави дека ќе ги оспори европските планови за замрнување на нејзините резерви.

Слични Објави