Белград најавува затворски казни за припадниците на српското малцинство во Косово, кои ќе станат дел од косовската армија

/

Шефот на српската Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ ги повика косовските Срби да не се приклучуваат кон армијата на Косово и  повикувајќи се на законите на Белград, се закани со тешки казни до 10 години затвор за оние кои ќе одлучат да станат дел од идната армија на најмладата балканска држава (ако истата се создаде), пишува Газета Експрес. Ѓуриќ изјави дека создавањето на косовска армија е нелегално според резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и според договорот во Куманово што стави крај на војната во Косово во 1999 година
Ѓуриќ истакна дека “Српска листа”, политичката структура која ги претставува Србите во Косово, се противи на создавањето на косовска армија, 
ја има целосната поддршка на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и на владата. Косово вложува напори да ги направи Косовските безбедносни сили (КБС) армија на Косово преку уставни амандмани. За Приштина да го смени уставот, клучни се гласовите на српските пратеници.



Претходна статија

Рочиште за „Тенк“: Ќе се презентираат вештачењето и писмени докази

Следна статија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев мора да ја каже вистината за Монструм, а семејствата на убиените момчиња да добијат правда

Најново од Вести