Бесплатна линија за пријава на повреди на избирачкото право
Од денеска, среда (1 октомври), во канцеларијата на Народниот правобранител започна со работа бесплатна телефонска линија 0800 54321. На овој број граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на нивните права – и за време на изборната кампања, и на деновите на гласање во првиот и вториот круг од Локалните избори 2025, кои ќе се одржат на 19 октомври и 2 ноември.
Од институцијата информираат дека по сите пријави ќе се постапува веднаш, додека поплаките доставени по завршување на работното време (по 16 часот) ќе бидат автоматски снимени.
„Народниот правобранител, во функција на заштита и остварување на избирачкото право, ќе реагира во најкраток можен рок до надлежните органи и институции, барајќи од нив брза и ефикасна постапка со цел граѓаните да го остварат своето загарантирано право,“ велат од оваа институција.
Дополнително, граѓаните можат да пријават повреди и преку шесте подрачни канцеларии на Народниот правобранител, секој работен ден од 8 до 16 часот, на следните телефонски броеви:
- Струмица – 034 329-996
- Кичево – 045 228-586
- Тетово – 044 344-082
- Битола – 047 242-310
- Штип – 032 389-701
- Куманово – 031 431-488

