Седум лаги и заблуди на Сиљановска против Бугарија за евроинтеграцијата на Северна Македонија
Димитар Русков/БГНЕС
Во своето последно обраќање пред провладината телевизија „Сител“ Сиљановска упати остри критики кон Софија и Брисел, со кои се обиде да ја оправда очигледната неподготвеност на владата во Скопје за реформи и започнување на суштинските преговори за пристапување кон Европската унија. Подолу во текстот се разгледани најострите позиции на Силјановска:
- Европската унија треба да се погледне самата во себе и со широко отворени очи да види што се случува – причините за блокадата на евроинтеграцијата на Северна Македонија се субјективни и националистички.
Демант: Причините за одложувањето на процесот не се субјективни или националистички. Тие произлегуваат од конкретни меѓународни договори, кои Северна Македонија доброволно ги има потпишано. Преспанскиот договор со Грција (2018) и Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија (2017) се правно обврзувачки документи, кои ЕУ ги има вклучено во своите критериуми за пристапување.
Во случајот станува збор за исполнување на обврски поврзани со отстранување на говорот на омраза, работата на заедничката историска комисија со Бугарија, која со години е блокирана од Скопје, отворање на архивите на тајните служби на Југославија, отстранување на фалсификатите од учебниците и гарантирање на правата на граѓаните со бугарска самосвест. Овие услови се дел од европската рамка за преговори и се одразени во протоколите кон неа. Тие се јасни, конкретни и договорени на меѓудржавно ниво, а потоа поддржани и ставени на маса со консензус од ЕУ.
Заштитата на човековите права и почитувањето на правото на самоопределување, вклучително и на историските личности, не претставуваат едностан „национализам“. Северна Македонија, барем на зборови, сака да се приклучи кон Европската унија, а не обратно.
- „Неколку пати сме посегнале кон уставни промени, но нема резултат, очигледно тоа не е решението. Уставот се менува, но политиката на соседите кон нас останува иста.“
Демант: Уставните промени се мал дел од севкупните европски услови кон Северна Македонија како инструмент за гарантирање на рамноправноста на бугарската заедница. ЕУ и Бугарија не инсистираат на нив формално, туку затоа што токму преку впишувањето на Бугарите во преамбулата се прави чекор кон реално признавање и заштита на нивниот идентитет. Тоа не значи дека едно „впишување“ ќе ги реши проблемите на македонските Бугари. Реалното спроведување на сите реформи треба да биде следено и оценувано од македонските и европските институции.
Бугарите во земјата се објект на системска дискриминација и дури насилство. Следствено, не станува збор за „политика на соседите“, туку за внатрешна демократска реформа, неопходна за исполнување на европските стандарди за човекови права и владеење на правото, дел од омилените на Сиљновска Копенхашки критериуми.
Покрај тоа, категоричен факт е дека Бугарија нема никаква врска со претходните промени во македонскиот устав или државни симболи – промената на името на државата по Преспанскиот договор (2018), како и порано измените на знамето, химната или грбот се резултат исклучиво од односите на Северна Македонија со други држави и од внатрешни одлуки.
Во октомври 2024 година претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека отворањето на првиот преговарачки кластер за Северна Македонија е поврзано со уставните промени, за кои земјата е ангажирана: „Се надевам дека сите политички сили во земјата ќе се соберат за да го преземат овој решителен чекор напред.“
- Ако направиш еден чекор – уставни измени и потоа повторно има пречка, не си направил ништо, само си го променил Уставот – тоа не е црвена линија. Нашите предлози се прифаќаат во Европската унија, но наидуваат на отпор од една земја членка. Бугарија треба да ни даде гаранции, а не Германија.
Демант: Гаранциите за евроинтеграцијата не доаѓаат од поединечна земја членка, туку од структурата на ЕУ и нејзиниот правен механизам. Секој чекор во преговарачкиот процес е врзан со конкретни услови и нивното исполнување се проверува преку мониторинг. Откако Северна Македонија ќе ги спроведе уставните измени, следните чекори ќе зависат од реалното исполнување на преземените обврски. Бугарија не може да дава еднострани „гаранции“, затоа што одлуките се носат од сите земји членки.
Во мај 2025 година претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, во присуство на премиерот на Република Северна Македонија, истакна: „За да се постигне резултат по евроинтеграцијата, мора да се исполни договореното во 2022 година. Договореното веќе е договорено и нема за што друго да се договараме. Не ни треба план Б, треба да го исполниме план А.“
Ова покажува дека не станува збор за еднострани барања на Бугарија, туку за веќе прифатени услови.
- Силјановска тврди дека национализмот се случил таму каде што не требало – во Европскиот парламент, мислејќи на отстранувањето на формулацијата „македонски јазик и идентитет“ од извештајот на Томас Вајц. „Тоа не беше слобода на говор, тоа беше говор на омраза“, вели таа.
Демант: Европскиот парламент е демократска институција, каде што одлуките се носат преку дебата и гласање. Отстранувањето на конкретни формулации од извештај не е „говор на омраза“, туку израз на усогласување на позиции меѓу различни политички групи. ЕП нема овластувања да признава или негира идентитет и јазик. Никогаш во извештај на ЕП за држава кандидат не била вклучена ваква конструкција за идентитет и јазик.
ЕУ никогаш не го довела во прашање постоењето на македонски јазик или идентитет, а формулациите се усогласуваат со официјалните документи, прифатени од Советот на ЕУ и со преговарачката рамка. Станува збор за стандарден парламентарен процес, а не за национализам или омраза. Во истиот извештај, подготвен од Томас Вајц, се нагласува опасноста од влијанието на Србија, Унгарија, Русија и Кина во Северна Македонија, како и од „стратешката корупција“ во земјата. Македонските политичари очигледно не ги доживуваат овие предупредувања како реална пречка за евроинтеграцијата.
- Не треба да бегаме од принципите поврзани со Копенхашките критериуми дома, тие се за сите, тие треба да важат и за нас. Но, не може да се постигне чекор напред во исполнување на ирационалните барања, затоа што ирационалното нема основа – тоа создава ново ирационално барање.“
Демант: Копенхашките критериуми бараат стабилни институции, гарантирање на демократијата, владеењето на правото, човековите права и заштитата на малцинствата. Токму ова е основата за инсистирањето Бугарите да бидат впишани во Уставот на Северна Македонија. Барањата на ЕУ не се ирационални, туку конкретни и усогласени со европската правна рамка. Тие произлегуваат од потпишаниот и ратификуван Договор за пријателство од 2017 година, каде што е предвидена обврска за прекин на говорот на омраза, почитување на заедничката историја и работа на историската комисија.
Во август 2025 година Урсула фон дер Лајен нагласи: „Само врз основа на сопствени заслуги Западниот Балкан ќе стане дел од ЕУ.“
Успехот на Скопје зависи не од промена на позициите на соседните држави, туку од исполнување на конкретните преземени обврски.
- Во врска со идејата за уставни измени со одложено дејство, Сиљановска изјави дека правата на Бугарите во Македонија се заштитени, без разлика дали се спомнати или не во преамбулата. Тие биле заштитени затоа што имало одредби во Уставот за заштита на правата на малцинствата. Во бугарскиот Устав немало одредби за заштита на малцинствата, но имало одредби за заштита на Бугарите насекаде во странство.
Демант: Општите уставни одредби за заштита на човековите права во Северна Македонија не се доволни за ефективна примена, кога во практика постои дискриминација. Примери како забраната на бугарски културни здруженија со ретроактивно дејство, напади врз етнички Бугари и системската омраза меѓу политичарите, во медиумите и учебниците докажуваат дека текстовите сами по себе не функционираат.
Според Уставот на Бугарија, правата не се делат по етнички принцип. Секој бугарски државјанин има еднакви права, а доказ за тоа се илјадници луѓе родени во Северна Македонија, кои учат, работат, живеат, создаваат бизниси, како и семејства во Бугарија. Тие можат да го прават истото и во целата Европска унија, благодарение на своето бугарско државјанство, добиено преку докажување на бугарско потекло и лично потпишана декларација за тоа.
Според Уставот на Бугарија:
Член 6. (1) Сите луѓе се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права.
(2) Сите граѓани се еднакви пред законот. Не се дозволуваат никакви ограничувања на правата или привилегии врз основа на раса, народност, етничка припадност, пол, потекло, религија, образование, убедувања, политичка припадност, лично и општествена положба или имотна состојба.
Според Уставот на Северна Македонија, „државотворен“ статус значи повеќе права.
- Бугарија го ограничува правото на здружување, и покрај пресудите на Судот во Стразбург.
Демант: Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) донесува одлуки, а не пресуди во кривичноправна смисла. Политичката злоупотреба од страна на Скопје со „пресуди“ против Бугарија во Стразбург претставува директно прекршување и на чл. 11, т. 5 од Договорот за добрососедство. Според него, ништо од Уставот на Северна Македонија нема врска со лица во Бугарија кои не се македонски државјани.
14 одлуки на ЕСЧП за Бугарија (поврзани со ОМО „Илинден“ и други) НЕ ја обврзуваат Софија да признае македонско малцинство. Здруженија на бугарски граѓани со македонска самосвест функционираат со години, на пример „Антички Македонци“ во Гоце Делчев.
Одбивањето организацијата ОМО „Илинден“ – Пирин да биде регистрирана е образложено со закана кон територијалниот интегритет на Бугарија, а не со имагинарни „говор на омраза“ и „дискриминација“.
Уставниот суд на Бугарија има утврдено дека ОМО „Илинден“ – Пирин е противуставна, бидејќи:
„Нејзините цели се насочени против единството на бугарската нација, суверенитетот и територијалната целина на државата“.
Во своите мотиви судот потенцира дека крајната цел на организацијата е:
„Формирање на независна македонска држава преку отцепување на Пиринска Македонија од Бугарија“.
