| |

Демант на Иван Мирчевски: „БАРАЊЕ ЗА ИЗВИНУВАЊЕ ОД ПОРТАЛОТ ТРИБУНА

На електронската пошта на главниот уредник на порталот „Трибуна“ пристигна демант од директорот на Канал 5 телевизија Иван Мирчевски, во однос на видео објавено на порталот „Трибуна“ на следниот линк.

Го објавуваме демантот на г-н Иван Мирчевски во целост и без редакциска интервенција:

„БАРАЊЕ ЗА ИЗВИНУВАЊЕ ОД ПОРТАЛОТ ТРИБУНА

Јас, Иван Мирчевски, од Скопје, Македонија, барам да го објавите овој демант кој треба да претставува ваше извинување за сериозните клевети кон мене и телевизијата Канал 5, за наводно ширење на говор на омраза.
Имено во текот на вчерашниот ден, 27/02/2023 год. сте направиле интервју со некое лице кое се викал Павел Македонски, и кој според сите критериуми, направи закана во фигуративна смисла што беше осудена од двете новинарски здруѓенија, ЗНМ и МАН, како и од Министерството за надворешни работи, но и некои политички партии.
Истовремено ова лице лажеше дека на нашата страна нема елементарни податоци за контакт, што е очигледно од овој линк, а при тоа вие ВО НИТУ ЕДЕН момент не ме побаравте за мој/наш став по овие прашања, со што го нарушивте не само етички новинарски кодекс, туку и прекрасните добрососедски односи со Бугарија.
https://kanal5.com.mk/footer/4/kontakt

Давајќи му шанса на овој човек кој истовремено реагираше кај платформата Linkedin за мој некаков говор на ормаза, што самата платформа го ОТФРЛИ, и дополнително, не давајќи ми мене шанса да му одговорам на ова лице, правите сериозна повреда за повеќе законски прописи , а пред се на Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета. Дополнително, правите повреда на Законот на ААВМУ , и наместо да ги осудите ваквите вербални напади, вие им давате шанса да се „дообјаснат“.
Ниту јас како професионалец, ниту Канал 5 ТВ користеле говор на омраза кон било кого, а најмалце кон Бугарските граѓани каде и да живеат, но една работа како новинари – треба да знаете дека постојат новинарски форми на: КОЗЕРИИ, САТИРА,ИРОНИЈА и ФИКЦИЈА и сл. кои на саркастичен и ироничен начин ги опишуваат актуелните политички збиднувања. И тоа со закон , нааекаде во светот е дозволен начин на изразување на лична мисла или став.
Дополнително ве прашувам, дали постои друга телевизија во Македонија која повикува и им дава простор на македонските Бугари, ма колку и да сте, или дали сте нотирале некоја Бугарска телевизија, мене лично или некој друг колега да го повика во Софија, па да почнеме конечно да – комуницираме?

Не сакам ниту да помислам дека ова ваше самонаречи „интервју“ со ова лице е злонамерно, па затоа барам и верувам дека сте доблесни да се објави овој демант, акое истовремено е и ваше извинување .
Во продолжение – реакциите на гореспоменатите државни и општествени чинители
ЗНМ

https://kanal5.com.mk/znm-so-prijava-do-mvr-za-zakani-na-socijalni-mrezhi/a567177

Македонски концепт

https://kanal5.com.mk/makedonski-koncept-reagira-na-zakanite-na-bugarskite-shovinisti/a567144

МНР

https://kanal5.com.mk/mnr-so-reakcija-na-zakanite-od-bugarski-drzhavjani-vrz-direktorot-na-kanal-5/a567135

МАН

https://kanal5.com.mk/man-vakvite-zakani-ja-zagrozuvaat-slobodata-na-govor-i-bezbednosta-na-mediumskite-rabotnici/a567133

ВМРО-ДПМНЕ

https://kanal5.com.mk/vmro-dpmne-osuda-za-zakanite-vrz-makedonskite-mediumi-novinari-i-direktorot-na-kanal-5/a567129 “

Слични Објави