(Видео) Павел Македонски му одговори на првиот човек на телевизијата Канал 5 Иван Мирчевски
Бугарскиот стопанственик со потекло од Беломорска Македонија Павел Македонски во емисијата „Hyde Park“ на порталот Трибуна, раскажува за својата конверзација со првиот човек на телевизијата Канал 5 во РС Македонија. Нашиот соговорник вели дека Мирчевски му се заканувал со тужби во судови во РС Македонија, Германија и дури Австрија, за наводна закана од негова страна дека ќе испрати „воен авион“ во РС Македонија.
Македонски раскажува уште како Мирчевски барал од него да си го промени фамилното име во Бугарски, затоа што немал никаква врска со Македонија. Како што станува јасно Македонски не успеал да испрати официјално барање за право на одговор до телевизијата Канал 5, бидејќи не нашол електронска пошта на медиумската куќа.
Што кажа нашиот соговорник Павел Македонски во однос на нападите од страна на Иван Мирчевски и каков е неговиот одговор на истите погледнете во видеото што следи.

