БИЉАЛИ: МОЖНО Е ДА ИМА НОВИ ПОБЕДНИЦИ НА ИЗБОРИТЕ, НО КОЈ ЌЕ ПРАВИ ВЛАДА ЗАВИСИ ОД СТРАНЦИТЕ

//

Универзитетскиот професор Мерсел Биљали во изјава за неделникот Фокус проценува дека можно е на изборите да има нови победници и во македонскиот и во албанскиот блок, со оглед на моменталните состојби.

-Но, кој ќе прави влада многу ќе зависи од странците. Ако ова се знае, залудно е да се глупирате со ревидирање на Преспанскиот договор или со некаков индиректен национализам. Мислам дека овојпат, ако нема конкретни развојни идеи и проекти, и сериозно да ги убедите луѓето дека тоа и ќе го реализирате, тогаш стапката на тие што ќе останат дома ќе биде многу висока. Политичарите се уште не се свесни што очекува обичниот гласач. Тиа настапуваат гневно меѓу себе, а мислат дека нивниот меѓусебен гнев го дели и народот. И тука дебело се лажат. Народот дури не го поднесува нивниот гнев – поентира Биљали.





Претходна статија

СДСМ ВЕТУВА: ПРАТЕНИЦИТЕ ИЛИ КИРАЏИИ ИЛИ САМИ ЌЕ СИ ГО ПЛАЌААТ ПРЕВОЗОТ

Следна статија

КОЛЕВ ВО ДЕКЕМВРИ МИНАТАТА ГОДИНА: НУЛА ТРОШОЦИ ЗА ПРАТЕНИЦИТЕ И САМИ ДА СИ ЈА ПЛАЌААТ КИРИЈАТА ВО СКОПЈЕ

Најново од Вести