| |

Бистa на бугарскиот револуционер Стефан Караџа ќе биде поставена во Тулча, Романија

Амбасадорот на Бугарија во Романија, Радко Влајков, и градоначалникот на општина Тулча, Штефан Илие, потпишаа спогодба за изградба на биста на бугарскиот револуционер Стефан Караџа. Потпишувањето се одржа во Букурешт, а според договорот, споменикот ќе биде откриен до крајот на годината во паркот „Пиаца ноуа“ во градот Тулча, во непосредна близина на храмот „Свети Ѓорѓи“, познат и како Бугарска црква, пренесува БТА.

„Овој пат што го изодевме заедно во последната година и половина уште еднаш нè увери во јавно и политичко единство на Бугарија и Романија – конкретно на локалните власти во Тулча и Амбасадата на Република Бугарија во Романија – за зачувување на нашето заедничко историско наследство,“ изјави амбасадорот Радко Влајков.

Слични Објави