| |

Благодарен татко испрати писмо до бугарското Министерство за образование и наука за да се заблагодари на млада наставничка, коja му помогнала на неговото дете

Благодарен татко испрати писмо до Министерството за образование и наука на Бугарија, за да ѝ се заблагодари на млада наставничка од Сливен која му помогнала на неговиот син кој е со посебни образовни потреби.

25-годишната Господинка Ангелова од Основното училиште „Елисавета Багрјана“ му помогнала на момчето да го развие својот говор, иако била на одмор и воопшто не била обврзана да го прави тоа.

Еве што пишува во писмото на благодарниот татко Николај Денчев:

„Во деновите по Божиќ бевме на одмор во Велинград. Четири дена одвојуваше по 3-4 часа за да се занимава со нашиот син. Користеше цртежи и игри за да му помогне и да создаде комфор и задоволство за време на неговиот одмор. Таа одвои време од својот одмор за да се занимава со непознато дете. Тоа беше целосно бесплатна иницијатива. Благодарност и поклон пред таа млада девојка која зачекорува во тешката и благородна професија на логопед, која бара многу срце и душа, а најмногу трпение и сочувство“.

Господинка Ангелова има 25 години и е наставничка во основно училиште. Таа е на пат да дипломира како магистер-логопед на Пловдивскиот универзитет „Паисиј Хилендарски“. Категорична е дека сака да продолжи да работи со децата со посебни образовни потреби.

„Тие не треба да се отфрлаат, туку општеството треба да биде поразбрано и потолерантно“, вели младата учителка.



Слични Објави