| |

Благоевград слави 112 години од ослободувањето на Горна Џумаја и Пиринска Македонија

На 5-ти октомври се навршуваат 112 години од ослободувањето на Горна Џумаја и Пиринска Македонија од османлиската власт. Денот е празник и на градот Банско, јавува Бугарското здружение на родовите од Македонија на својата Facebook страница.

Специјален гостин на прославата во Благоевград ќе биде Министерот за иновации и раст Росен Карадимов.
Прославата во Благоевград започна во 10 часот во централниот Храм ,,Воведение Богородично” каде што беше отслужена панахида во спомен за загинатите за слободата на Бугарија. Во дворот на храмот се наоѓа меморијалот на Делчевиот род. Таму е погребан таткото на Гоце Делчев, Никола Делчев.

Во рамките на прославата ќе биде оддадена почит пред спомениците на хероите кои го дале својот живот во борбите за ослободување на Пиринска Македонија и Одринска Тракија и нивното припојување кон мајка Бугарија.

На плоштадот Македонија пред споменикот на Гоце Делчев ќе биде издигнато националното знаме и ќе започне торжествен концерт спектакл. Програмата исто така предвидува Саем на уметностите и свечена седница на Општинскиот Совет на Благоевград.
Во вечерните часови ќе се одржи концерт на Ансамбал Пирин и група Тангра. Веднаш по прославите Министерот за иновации и раст Карадимов ќе одржи работна средба со раководството на Општината со главна тема привлекување на инвеститори во регионот.



Слични Објави