Благовеста Вегнер од бугарското село Крупник номинирана меѓу „Bulgaria’s Top 100 Talents“ во категоријата маркетинг
Благовеста Вегнер, по потекло од селото Крупник во општина Симитли, е номинирана во категоријата „Marketing“ во иницијативата „Bulgaria’s Top 100 Talents“ на Career Show, јавува simitli.info.
Вегнер, работи во областа на маркетингот во софтверска компанија и професионалното искуство го развива во меѓународна и конкурентна деловна средина.
По повеќегодишен престој во странство, таа се вратила во родниот крај и денес живее во Крупник со својот сопруг Берни Вегнер.
Номинацијата е дел од Career Show Index – „Bulgaria’s Top 100 Talents“, иницијатива која претставува и истакнува професионалци од различни области на деловниот и општествениот живот во Бугарија.
Меѓу категориите во изборот се маркетинг, технологија, човечки ресурси, финансии и сметководство, продажба и грижа за корисници.
Од Општина Симитли посочуваат дека номинацијата на Вегнер е повод за гордост за нејзиното родно место и пример дека професионалците од помалите населени места можат да изградат кариера и во меѓународна средина.
За Благовеста Вегнер може да се гласа преку платформата на Career Show. По најавување со LinkedIn, Facebook или Google, корисниците треба да го пронајдат нејзиното име во категоријата „Marketing“ и да го дадат својот глас.
Гласањето трае до 20 септември 2026 година.

