| |

БНБ пушта сребрен медал „Цар Самуил“ во ограничен тираж од 500 примероци

Бугарската народна банка (БНБ) ќе пушти во оптек ограничена серија од 500 сребрени медали по повод враќањето на посмртните останки на цар Самуил во Бугарија, соопшти БНБ, пренесува БГНЕС.

На 3 октомври 2026 година посмртните останки на владетелот беа пречекани во Бугарија со државна церемонија и 21 почесен артилериски истрел, а потоа биле положени во базиликата „Света Софија“.

На предната страна на медалот се прикажани ликот на цар Самуил, грбот на родот на Комитопулите и базиликата „Свети Ахил“. На задната страна е прикажана базиликата „Света Софија“, каде што се положени посмртните останки на владетелот.

Спомен-медалот е изработен од една тројска унца чисто сребро со финост од 999,9 илјадити делови. Има матна завршна обработка и висок релјеф. Патината му дава старински изглед и ги истакнува деталите на приказот. Секој примерок има единствен број втиснат на работ.

„Овој спомен-медал е наш знак на почит кон споменот и државничкиот завет на цар Самуил – симбол на нескршливиот бугарски дух, искован во ограничена серија од 500 уникатни примероци“, соопштија од БНБ.

Слични Објави