| |

БНТ ќе го прикаже документарниот филм на Бојко Василев и Албена Колчакова за Вилијам Гладстон и неговата поддршка за Бугарите

Бугарската национална телевизија на 23 септември во 21 часот на БНТ 1 ќе го емитува документарниот филм „Вилијам од народот и Бугарите“ на новинарот Бојко Василев и Албена Колчакова, посветен на британскиот политичар Вилијам Гладстон и неговата реакција по задушувањето на Априлското востание во 1876 година, јавува БНТ.

Филмот се навраќа на периодот кога Гладстон, како лидер на опозицијата, ги бранел Бугарите по насилствата и масакрот во Батак и го објавил памфлетот „Бугарските ужаси и Источното прашање“.

Во документарецот се вклучени снимки од Лондон, Софија, Велико Трново и Батак, како и изјави на британски и бугарски историчари, дипломати и научници. Меѓу соговорниците е и правнукот на Гладстон, Френсис Гладстон.

Автори на филмот се Бојко Василев и Албена Колчакова, режисер е Л’чезар Аврамов, а продуцент е Марија Чернева.



Слични Објави