Борисов со честитка до Трамп: Подготвен сум повторно да работиме заедно
Бојко Борисов, лидер на најголемата партија во Бугарија и победник на последните парламентарни избори во земјата го поздрави Доналд Трамп за неговиот избор за нов председател на САД.
Честитки за Доналд Трамп, напиша Борисов на својот Фејсбук профил, објавувајќи и негова заедничка фотографија со Трамп. Подготвен сум повторно да работиме заедно, нагласи Борисов во својата честитка.

