БРОЈОТ НА НОВОРОДЕНЧИЊА ВО САД НАЈМАЛ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 35 ГОДИНИ

/

Бројот на новороденчиња во САД не бил толку низок како во 2019 година од 1985 година, а стапката на плодност достигнала историско ниско ниво, покажуваат објавените податоци.

Минатата година имало 3.745.540 раѓања во таа земја, или 1 процент помалку отколку во 2018 година.

„Ова е петта година како се намалува бројот на новороденчиња откако се зголеми во 2014 година“, објави Американскиот центар за превенција и борба против болести.

Доколку не се земе предвид 2014 година, бројот на новороденчиња паѓа од 2007 година. Минатата година, тоа беше најмал број во последните 35 години.

Споредбата со 1985 година е уште поинтересна затоа што САД таа година имале околу 90 милиони помалку жители отколку денес.

Доколку се земе предвид бројот на населението, стапката на плодност била најниска во 2019 година, односно 1,7 деца по жена.

Оваа бројка е под потребната за обнова на населението (2,1 деца по жена).



Во САД, бројот на деца по жена опадна во речиси сите возрасни категории, освен оние меѓу 40 и 44 години.

Кај адолесцентите на возраст меѓу 15 и 19 години, таа продолжи да паѓа и тоа пет проценти во однос на претходната година.

Покрај тоа, стапката на предвремено родени се зголемува петта година по ред, достигнувајќи 10,2 проценти минатата година.

Извор: Макфакс

Претходна статија

ЕДНО ЛИЦЕ ПОВРЕДЕНО ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ МАВРОВИ АНОВИ-ДЕБАР

Следна статија

ВМРО-ДПМНЕ Е ПРОТИВ 58 ЧАСОВЕН КАРАНТИН ЗА ПРЕТСТОЈНИОТ ВИКЕНД

Најново од Вести