Бугарија евакуира 200 лица од Одеса- меѓу нив има и македонски државјани

//

Шефицата на бугарската дипломатија, Теодора Генчовска на вонреден брифинг денеска соопшти дека сите бугарски државјани кои се наоѓаат во Украина и изразиле желба за евакуација од Киев и околината, имаат можност за итна евакуација.

Дописникот на МИА во Софија, јавува во моментов Украина ја напуштаат четири автобуси и сите автомобили на бугарскиот конзулат во Одеса и амбасадата во Киев.

Во автобусите и автомобилите има околу 200 лица – бугарски, американски, македонски и украински државјани, еден државјанин на Грузија, како и персоналот на бугарската амбасада во Киев и генералниот конзулат во Одеса.
„Министерката Генчовска и македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи се во постојана комуникација за извлекувањето на македонските државјани“, изјави за МИА портпаролот на бугарското МНР, Митко Димитров.



Димитров потсети дека вчера бугарски дипломати помогнале на 22 македонски државјани на украинско-молдавската и романската граница, а двајца Македонци ја напуштиле Одеса со автобус.



Претходна статија

Јанакиески доби 4,5 години затвор, а Јанкуловска 2,5 години, Протуѓер и другите добија условни кaзни

Следна статија

(Видео) Тачи: Бугарите ќе бидат трети по бројност на пописот во РС Македонија

Најново од Вести