БУГАРИЈА, ГРЦИЈА, СРБИЈА И РОМАНИЈА СО ЗАЕДНИЧКА КАНДИДАТУРА ЗА СВЕТСКОТО ВО ФУДБАЛ ВО 2030 Г.?

Бугарија, Грција, Србија и Романија размислуваат да поднесат заедничка кандидатура за домаќинство за Светскотото првенство во фудбал за 2030 г. Тоа стана јасно на средбата на лидерите на 4-те држави и премиерот на Израел во  “Евксиноград”, Бугарија. Лидерите на четирите држави се договорија да продолжат со работата по целосната врска на Балканите со магистрали и брзи автобуси.