Бугарија ќе добие уште два медицински хеликоптери
Во февруари и март се очекува во Бугарија да пристигнат уште два медицински хеликоптери. Ова го изјави вицепремиерот и министер за транспорт Гроздан Караџов, јавува БГНЕС.
Се очекува вториот медицински хеликоптер да пристигне меѓу 17 и 25 февруари, а третиот на крајот на март“, објасни министерот за транспорт на Бугарија.Тој потсети дека единствената воздухопловна амбуланта на Бугарија во моментот е вратена во функција, по итното слетување кај Самоков не одамна.
„Вчера во 11 часот беше извршен првиот пробен лет на машината и околу 13 часот пристигна пораката дека хеликоптерот е веќе во функција. Итната медицинска помош е обновена“, рече министерот Караџов.

