Бугарија врати од Естонија реликвија од XVII век украдена од Бачковскиот манастир
Реликвија од XVII век, украденa во 1999 година од Бачковскиот манастир „Успение Богородично“, ѝ е вратен на Бугарија во меѓународна операција спроведена на 11 ноември во Талин, соопшти бугарското Министерство за култура.
Постапката започнала во мај 2026 година, по пријава до Инспекторатот за заштита на културното наследство дека предметот, на кој има дарителски натпис за Бачковскиот манастир, ќе биде понуден на аукција во Естонија. Биле преземени итни мерки за запирање на продажбата.
По интензивна соработка со Естонскиот совет за национално наследство и вклучувањето на бугарското Министерство за внатрешни работи и Окружното обвинителство во Пловдив, естонските институции ги прифатиле доказите за потеклото и незаконското изнесување на реликвијата од Бугарија.
Предметот бил предаден на бугарска делегација во Талин, во рамките на спроведувањето на европска наредба за истрага. Операцијата ја координирале Окружното обвинителство во Пловдив, Евроџаст и надлежните естонски органи.
Според Министерството за култура, реликвијата има исклучително висока научна, историска и уметничка вредност. Бил украден од манастирот заедно со други предмети во 1999 година.
