Бугарската актерка Силвија Станоева настапува во „Магија за бурата“ по дела на Шекспир во Рим
Бугарската актерка и драматург Силвија Станоева ја толкува улогата на Миранда во претставата „Магија за бурата“, работена според „Бура“ од Вилијам Шекспир, која од 15 септември е на репертоарот на Teatro Tordinona во Рим, јавува Радио Бугарија.
Претставата е во режија на Вивијана ди Берт, а за нејзиното вклучување во програмата на римскиот театар соопшти Венета Ненкова, претседателка на здружението „Паралел 43“ во италијанската престолнина.
Станоева е добитничка на наградата „Икар“ за дебитантска улога за настапот во претставата „Клер Мадам Соланж“, заедно со актерот Иво Желев. Таа има добиено и награда за исклучително актерско присуство на театарскиот фестивал GATS во Кина за улогите во претставите „Јулиј Цезар“ и „Нирвана“.
Во последните години Станоева ја продолжува својата професионална кариера во Рим и настапува на италијанската театарска сцена.

