| | |

Бугарската самосвест и во минатото и во сегашноста е „кривично дело“

Пишува: Атанас Величков

Г-ѓа министерката Сања Божиновска, која освен истечени бугарски лични документи (но важечко бугарско државјанство) има и чешки пасош, се најде во ситуација да се објаснува, за тоа првото. Ја прашаа дали има сѐ уште бугарска самосвест и таа даде несмасен одговор, замешувајќи адвокатски канцеларии, поминато време, загубена меморија итн.

Г-ѓа Божиновска осети на сопствената кожа што значи во РС Македонија да те прашат дали имаш бугарска самосвест и затоа, откако не одговори одлучно со да или не, требаше да се дообјаснува со писание во социјалната мрежа Facebook. Во истото тоа писание таа два пати вели дека е Македонка, појаснувајќи дека е родена во Скопје. Најверојатно тоа го навела, како крунски доказ дека, бидејќи е од Скопје не може да биде Бугарка. Нешто што ќе го ставиме во графата „Не е задолжително“, оти во Скопје, се раѓале, се раѓаат, а со Господ напред и ќе се раѓаат Бугари, бидејќи тоа е нормален природен процес, а не кривично дело.

Се поставуваат прашањата зошто г-ѓа Божиновска е ставена на тапет заради нејзиното бугарско државјанство (земено како што вели таа од економски причини, кога била многу млада)? Зошто на прашањето „Имате ли сѐ уште бугарска самосвест“, се гледа како на прашање од типот „Дали се признавате/изјаснувате за виновен“? Зошто г-ѓа Божиновска треба да се оправдува и да дообјаснува, за да не ѝ биде ставен печатот „Бугарка“?

Зарем сето тоа, не ја отсликува атмосферата во која живеат македонските Бугари? Оние од нив кои се родени на територијата на Република Северна Македонија. Кои се многу повеќе од неколку стотини луѓе. Што правиме со нив? Како ли тие се чувствуваат од фактот дека секојдневно во медиумите за Бугарија и Бугарите се објавуваат информации, дека се непријатели, кочничари на земјата, недоделкани авантуристи, кои не знаат како со Македонија, па сами си се виновни за односот кон нив и сл. Тука е и прашањето „ сѐ уште ли имате бугарска самосвест“ на кое министерка одговора, како да е на обвинителна клупа. Како ли се чувствуваат македонските Бугари, посебно оние кои немаат бугарски документи, кога некој со нескриена агресија ќе ги праша дали имаат бугарска самосвест? Зарем е тоа нормално?

Доколку е заинтересирана г-ѓа Божиновска може да се информира за тоа како вистинските Бугари овде живеат во веќе опишаната во кратки црти атмосфера. Да разбере како луѓе остануваат без кариера, само затоа што ги сметат Бугарите за браќа и се објект на озборувања и перфидни закани. Да види, како Бугари овде се објект на булинг на социјалните мрежи, а и во реалниот живот. Да се информира зошто Бугари ги напуштаат своите домови овде и заминуваат за Бугарија за да живеат попристоен живот. Ѓ-ѓата министерка може многу лесно да дојде до тие информации, за да разбере дека не само таа била како на обвинителна клупа и десетици други го доживеале тоа искуство.

Г-ѓа Божиновска не може да се пожали од Бугарија. Како што стана јасно фирмата со која таа раководела во Софија менаџирала со сериозни капитали. Испаѓа дека Бугарија не е кочничар во бизнисот, посебно кога се работи за фирми, кои се поврзуваат со српските тајкуни Воин Лазаревиќ и Вук Хамовиќ. Испаѓа исто така дека Божиновска побарала и добила бугарско државјансто не толку заради економски, туку заради кариерни причини. Има разлика нели? Многу луѓе овде, направиле и добиле многу нешта, освен кариера и пристоен живот, само затоа што се македонски Бугари. За нив Бугарија е мајка исто колку што е и Македонија, ама тие кариера во Бугарија не направиле, затоа што не ги познавале правилните луѓе или пак поради простата причина што не сакале да бидат бежанци, како во темните години на почетокот на минатиот век. Тоа треба да се напише, оти жртва на антибугаризмот овде не е само министерката Божиновска.

Таа треба да биде сигурна за едно, а имено, ако успее да го сработи тоа што самата таа го навела како нејзини цели:

– да ја прекине корупцијата во енергетскито систем;

– да ги открие сите оние кои во минатото се збогатија на грбот на скапите сметки платени од граѓаните;

– да расчисти со огромниот долг од 60 милиони евра на државата кон снабдувачите, до сега пред граѓаните лажно претставуван како субвенција;

– да ги открие и прекине криминалите со набавките во електро-енергетските објекти, РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј, ТЕЦ Неготино и други;

– да ги прекине преплатените тендери за надворешни компании;

– да ги запреме чудните донации од МЕПСО и ЕСМ кон фитнес студија, спортски друштва и невладини организации;

– да обезбеди силно, одржливо и евтино домашно производство на електрична енергија;

– да обезбеди енергетска ефикасност и инвестиции во обновливи извори;

– да ја направи електричната енергија конкурентна предност на домашното стопанство.

Веруваме и ќе повикаме да добие највисоко државно одликување.

Сосема за крај, сакаме да ги информираме сите Македонци како министерката Божиновска, дека истечен рок на бугарски лични документи не значи дека веќе не сте бугарски државјани. Државјанството си стои, за да се „отарасите“ од истото, ви е потребен отпуст. А ако некој дознае дека имате или сте имале бугарски лична карта и пасош и ве праша со не баш пријателски тон „сѐ уште ли имаш бугарска самосвест“, не го праќајте кај посредникот, што ви завршил работа, напишете статус во Facebook, веројатно ќе се најде некој другар во коментарите да ве одбрани заради ова „крвично“ дело.

Слични Објави