Бугарската тениска ѕвезда Григор Димитров се враќа во Дејвис репрезентацијата на Бугарија по 11 години
Бугарската тениска ѕвезда Григор Димитров ќе настапи за бугарската тениска репрезентација на гостувањето против Данска во Дејвис купот на 18 и 19 септември во Хилеред, соопшти селекторот Валентин Димов за bTV, пренесува БГНЕС.
За 35-годишниот Димитров ова ќе биде прв настап за Бугарија во Дејвис купот од 2015 година. Неговите последни медицински прегледи по настапот на УС Опен покажале дека е здрав и може да се врати на теренот без ограничувања.
Во составот ќе бидат и Александар Донски, Пјотр Нестеров, Илијан Радулов и Александар Василев, додека Иван Иванов ќе патува како резерва. Димов официјално ќе го објави тимот на прес-конференција во вторник.
Димитров има биланс од 16 победи и еден пораз во сингл за Бугарија. Победа над Данска ќе ѝ обезбеди на бугарската репрезентација пласман во Светската група, додека при пораз ќе се бори за опстанок во Светската група I во февруари 2027 година.

