Бугарски институции стануваат дел од културната рута за Свети Кирил и Методиј
Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“, Националната гимназија за древни јазици и култури „Константин-Кирил Филозоф“, Бугарскиот културен институт во Братислава и Фондацијата „Глаголитика“ ќе бидат примени денес за полноправни членови на асоцијацијата „Европски културен маршрут за Св. Кирил и Методиј“, чија Генерална асамблеја ќе се одржи денес во Скопје, јавува БНР.
Во 2021 година, Европскиот културен маршрут за Св. Кирил и Методиј стана еден од 48-те културни маршрути на Советот на Европа. Во моментов, асоцијацијата има полноправни членови од 7 земји: Бугарија, Грција, Италија, Северна Македонија, Чешка, Словачка и Полска. Во улога на асоцијативни членови се претставниците на Хрватска, Унгарија и Словенија.

