| |

Бугарскиот генерален конзулат во Битола го одбележа државниот празник на Бугарија

Традиционално со леб и сол, во Офицерскиот дом во Битола беа пречекани гостите на одбележувањето на 3 март-Националниот празник на Бугарија, што го организира Генералниот конзулат на Бугарија во Битола, јавува БТА.

„На 3 март Бугарите ширум светот го слават возобновувањето на бугарската државност. За нашиот народ овој датум е симбол на надеж, преродба и нов почеток за нашата земја. Ова е денот на кој секоја година им оддаваме заслужена почит на хероите кои ги посветија своите животи за слободата на Бугарија и за нејзиното духовно и политичко издигнување. Дваесеттиот век беше исполнет со предизвици и перипетии во судбината на нашиот народ. Денес Бугарија е слободна и оваа слобода нѐ обврзува да го продолжиме аманетот на нашиот најголем народен херој Васил Левски за „чиста и света република“ – република заснована на демократски принципи, владеење на правото и еднакви права и можности за сите“, рече во својот говор генералниот конзул на Бугарија во Битола, Николај Димитров.

Димитров им се заблагодари на присутните градоначалници, на претставниците на бугарската амбасада во Република Северна Македонија, на претставници на дипломатскиот кор – генерални и почесни конзули во Република Северна Македонија, на претставници на верските конфесии во земјата, на академската заедница, на бизнис организациите и на претставниците на здруженијата на Бугарите во земјата.

Вечерта заврши со настап на Ансамблот на бугарската армија.



Слични Објави